Антоан Гризман и официјално го напушта Атлетико Мадрид и од следната сезона ќе го носи дресот на Барселона. Каталонскиот гигант е подготвен да плати 125 милиони евра за францускиот фудбалер, кој ќе потпише пет годишен договор.

Гризман и официјално им се заблагодари на фановите и на сите во клубот за годините минати во Атлетико.

„Имав пет неверојатни години, ви благодарам за се, секогаш ќе ве носам во срцето“, порача Французинот.