Џио Струмица има шанси да ја одбрани двојната круна на домашната машка одбојкарска сцена, откако вечерва со 3:1 (25:19, 25:21, 26:28, 25:21) го победи Вардар во „мајсторката“ од полуфиналето на плеј-офот.

„Црвено-црните“ имаа сили да се изборат за трет натпревар во серијата, но не и комплетно да му застанат на патот на бранителот на титулата. Во новиот интересен и неизвесен дуел пред струмичката публика Вардар успеја само за момент, со освојување на третиот сет, да ја одложи промоцијата на Струмица во финалист.

На домашен терен одбојкарите на Џио не знаат за пораз, па така беше и во оваа ситуација и сега е дефинитивно дека против Шутова ќе играат во финалето.