Ако некои од клубовите имаат дилеми, дел веќе одамна знаат за кого ќе го дадат својот глас на утрешното Изборно Собрание на МКФ. По Работнички, Гостивар јавно испрати поддршка до Перо Антиќ во трката за претседател на нашата „куќа на кошарката“.

Изборното Собрание е закажано за утре со почеток во 12 часот. Во трката за претседателското место влегоа Антиќ и Темелковски, а неофицијално ќе се вклучи и Наумоски.