На интересен начин и во духот на мега-популарната серија „Игри за престолот“ кошаркарската Евролига го најави фајнл-фор турнирот закажан од 17 до 19 мај во Виториа.

Играчите и тренерите на сите екипи кои се дел од завршницата се претставени во духот на серијата. Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Лас е претставен во крзно со круна, како бранител на титулата, која Ергин Атаман, Жељко Обрадович и Димитрис Итудис ќе се обидат да му ја одземат.

Во првиот полуфинален меч на Ф4, на 17 мај ќе гледаме турско дерби меѓу Фенербахче и Ефес, додека во вториот дуел Реал Мадрид игра со ЦСКА.