Манчестер Сити може да остане без место во Лигата на шампионите идната сезона иако како шампион на Англија доби директен билет за таму, пишува угледниот „Њујорк Тајмс“. Американскиот весник пренесува информации дека истражителите на УЕФА упатиле апел до надлежните да му се забрани учество во ЛШ под обвинение дека англискиот клуб свеснo ги кршел правилата на Финансискиот фер-плеј.

Обвиненијата се конкретни, Сити добивал финансиска инјекција од инвеститорските компании зад кои стојат Обединетите Арапски Емирати како држава. Парите се добивани преку спонзорски договори со компаниите како „Етихад“, кој е и главен спонзор на клубот, а потоа клубот прикажувал лажен профит за се да остане во границите на ФФП.

Спроведената истрага која трае веќе една година, а првпат се појавија во германски „Шпигел“ на основа на украдените мејлови од страна на „Фудбал ликс“. Комисијата која го истражува случајот на чело со поранешниот премиер на Белгија Ив Летерм донела предлог УЕФА да го исфрли англискиот  шампион на една година од ЛШ.

Ако тоа биде потврдено, Сити сигурно ќе се жали на Арбитражниот суд во Лозана што би можело случајот да се одолговлечи па клубот да игра во ЛШ оваа сезона. Меѓутоа ако последната спортска инстанца во текот на јуни одлучи за судбината на клубот, УЕФА ќе мора да го замени Сити со друг клуб.

Сити претходно беше казнет со 60 милиони евра за кршење на ФФП, но тогаш се договорија за финансиска казна за да избегнат исфрлување од Европа, но сега нема шанса да се направи такво нешто повторно затоа што ова им е втор прекршок, се разбира ако биде докажан пред судот.