Швајцарскиот фудбал е затруен од хулиганско лудило во последните години, што е сериозно нарушена репутацијата на оваа Алпската држава која во светот е позната по редот и мирот

Еден од најтрофејните швајцарски клубови Грасхоперс доживеа крах затоа што после 70 години се сели во Втората лига. Тоа стана јасно на гостувањето кај Луцерн во кој „скакулците“ губеа дури со 4:0 пред да влезат бесните фановите и да го прекинат натпреварот.

Тие ги бркаа играчите по теренот и бараа од играчите под итно да ја соблечат опремата затоа што не се достојни да ја носат. Раководството на клубот соопшти дека одлучило да им ги предаде дресовите на навивачите со цел да спречи ескалација на немирите на теренот и потежок инцидент.
Ова е втор прекинат меч на Грасхоперс оваа сезона затоа што на 16 март дуелот со Сион беше прекинат во 56 минута, а „скакулците“ тој меч го загубија со службени 3:0.

Да биде иронијата поголема полицајците седеа на страна и ја посматраа ситуацијата, а домашната публика инвазијата на гостинските навивачи ја испрати со аплауз.

Клубот е на последното место во швајцарската Суперлига и нема победа 17 кола по ред.

Првиот човек на клубот Стефан Ретикер вели дека Федерацијата мора да преземе строги мерки против хулиганите.

„Им се обраќам на политичарите и на Федерацијата. Мора да се преземат конкретни мерки и тоа под итно. Во оваа држава возачите добиваат построги казни од хулиганите. Ова станува голем проблем во државата, не знам како другите не гледаат што се случува“, вели Ретикер кој додава:

„Хулиганите излегоа на теренот и бараа од играчите да им ги предадат дресовите во спротивно ќе ги истепаат. Викаа дека не заслужуваат да ги носат. Некои не се задоволија само со тоа туку сакаа по секоја цена да ги тепаат фудбалерите. Некои дури извикуваа: ’убијте ги тие копилиња’“, велат од Грасхоперс кој дополнија дека иницијатор на прекинот бил добро познат хулиган и нео-нацист под името Стефан.

Грасхоперс идната сезона ја почнува во Втората лига. Клубот кој постои 132 години и кој 27 пати бил шампион на Швајцарија и 19 пати го освојувал националниот куп, а има и бројни настапи во Лига Европа и Лигата на шампионите (полуфинале во Купот на УЕФА во 1978 година) паѓа во понизок ранг.

За Грасхоперс игра и македонскиот репрезентативец Никола Ѓорѓев, а спортски директор е Матијас Валтер, поранешен директор на Шкендија.