Летонската судиска двојка Зигмарс Сондорс и Ренарс Лицис ќе ја делат правдата на вториот полуфинален натпревар на Ф4 турнирот во Келн во Лигата на шампионите на кој Вардар ќе игра со каталонскиот гигант Барселона. Делегати на натпреварот ќе бидат Ојвид Тогстад од Норвешка и Роберт Дујардин од Франција.

Најдобриот македонски судиски пар, Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, пак, исто така ќе ги гледаме на елитната завршница како судии на првиот полуфинален меч во кој Веспрем ќе се соочи со Келце.

Мечот за третото место ќе го судат Португалците Дуарте Сантос и Рикардо Фонсека, додека во финалето главниот збор ќе го имаа германските арбитри, Ларс Геипел и Маркус Хелбиг.