Веќе неколку месеци тимот на Манчестер Сити е под истрага од УЕФА за кршење на финансискиот фер-плеј, а бројни угледни медиуми пушуваа дека наскоро европската куќа на фудбалот ќе побара суспензија на Сити од ЛШ.

Манчестер Сити, пак, денеска остро одговори на овие наводи.

„Клубот во потполност соработува со независните истражители кои го прегледуваат целиот случај. Се потпираме на нивната независност и зборовите на УЕФА. Тие напоменаа дека нема да даваат додатни коментари додека трае истрагата. Затоа цитирање на изворот за „Њујорк Тајмс“ како „луѓе блиски до истрагата“ е многу загрижувачко. Се добиваат индиции дека целиот процес им служи на некои индивидуалци кои сакаат да ја уништат репутацијата на клубот. Обвинувањата за финансиски неправилности се лажни и доказ за тие факти е проследен на истражителите“, се вели во соопштението.