Јасмин Мециновиќ, нашиот интернацоналец во дресот на Руар Плевља, имаше одличен настап викендов во 33.коло во шампионатот на Црна Гора. Тој на гостувањето кај Ловќен, одигра одлично во дефанзивата и е најзаслужен за победата на неговиот тим од 1:0. Токму затоа Мециновиќ е во идеалните единаесет за 33.коло во првенството на Црна Гора.