Интересен момент на тенискиот челенџер во Германија помеѓу Колумбиецот Даниел Галан и Французинот Констант Летиен. При 1-1 во сетови и 2:1 во гејмови Галан побара кратка пауза и истрча до тоалетот. Тој се задржа долго, а судијата немаше трпение и нареди мечот да почне без Колумбиецот. Тој требаше да сервира, а отсуството му беше сметано како двојни грешки при сервис.

Кога Галан се врати веќе губеше со 0:40, а не успеа да возврати и така загуби поен, а потоа и сетот со 3:6, а на крајот и мечот.