Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо зборуваше за се и сешто во интервју за „Фајненшл Тајм“, а меѓу другото најинтересната тема му беше стравот пред финалето на СП 2002 година во Јапонија и Јужна Кореја.

Роналдо се плашел да не му се повтори епилептичниот напад кој го доживеал пред финалето на СП во Франција во 1998 година.

„Вечерва пред финалето во Јокохама, сите заминаа на спиење, а јас не можев да спијам. Се плашев. Ги молев да останат будни и да се дружиме до сабајле.Тие не ме сфаќаа сериозно. Го најдов Дида и тој ми помогна. Не спиев поради страв да не ми се повтори нападот“, изјави Роналдо.

„Се зборуваше се и сешто за тоа финале на СП 1998 како дека некој намерно ме затрул и слични работи. Мислам дека луѓето обожаваат теории на заговор. Што мислам јас? Тоа е обично с.ање. Тоа не беше мојот најдобар меч, но се борев, трчав пробував да направам нешто. Едноставно има денови кога не ти оди ништо. Тоа е тешко да се објасни. Еве погледнете го Меси, тој е различен кога игра за Барселона и за Аргентина“, додава Бразилецот.

Роналдо беше вмешан во неколку секс-скандали, а има четири деца но направи вазектомија меѓутоа ако сака уште едно дете постои решение.

„Направив вазектомија, но успеав да замрзнам доволно сперма за да создадам фудбалски тим, доколку тоа го сака мојот партнер“.

Бразилецот зборува за уште еден проблем со кој се соочувал секоја сезона додека играл фудбал, а тоа е неговата тежина. Сега тој ја анализира ситуацијата од поинаква перспектива:

„Сега се мобилизираат за многу работи, за заштита на црните фудбалери од расизам, за фудбалерите хомосексуалци… Но не се сеќавам дека некој ме бранеше мене кога постојано ме нарекуваа дебел. Веќе не ми е гајле“, додаде „Феноменот“.