Холандскиот шампион Ајакс летоска ќе може да остане без дел од своите фудбалски ѕвезди, меѓутоа не мора да се грижи за својата иднина затоа што во академијата има играчи што чекаат да го заземат нивното место. Еден таков пример е напаѓачот Брајан Броби кој има само 17 години и сезонава во дресот на младинскиот тим на Ајакс постигнал 32 гола во 35 натпревари. А претходната сезона за екипата до 17 години реализирал 26 гола во 24 натпревари.

Овој тинејџер е роден во Амстердам и со репрезентацијата на Холандија до 17 години е вицешампион на Европа.