Еден од најголемите фудбалери на Рома во поновата историја Даниеле де Роси го напушта клубот по завршувањето на сезоната, соопштува римскиот клуб. 35-годишниот дефанзивен играч за врска ќе го одигра последниот натпревар за Рома против Парма на „Олимпико“ на 26 мај, а потоа заминува.

Поранешниот италијански репрезентативец потекнува од академијата на Рома, а во првиот тим влезе во 2001 година. Тој има 615 натпревари со Рома и 63 гола.

За своите идни планови Де Роси ќе каже напладне на прес-конференција.