Фамилијата на легендарниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер, првпат по несреќата во 2014 година, дозволи камери да влезат во нивната куќа во која се опоравува славниот ас.

Германските режисери Михаел Вех и Ханс-Бруно Камертенс, со поддршка на фамилијата на славниот Германец, снимаат документарен филм под името „Шумахер“.

Во документарецот ќе се најдат необјавени архивски снимки од животот на еден од најголемите спортисти на сите времиња, како и сведочења на најблиските членови на фамилијата – сопругата Корина и таткото Ралф. Премиерата на документарецот е закажан за 5. декември.