Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека е има големо срце. Португалецот постојано учествува во најразлични хуманитарни акции, не штеди пари за оние кои имаат најмногу потреба од нив. Тој денеска ја воодушеви јавноста, на тешко болно дете му ја исполни големата желба, организираше патување до Торино.

Станува збор за момче од Бристол кое има тумор на мозокот и кое постојано е под терапии. Неговата желба била да го запознае својот идол, па Португалецот веднаш прифатил. 10-годишниот Џозеф заедно со своето семејство минаа незаборавни моменти со Роналдо.