Уште кога беше дел од Интер Запрешиќ, Илија Несторовски се поврзуваше со трансфер во Хајдук. Но, до реализација на овој трансфер не дојде, а Несторовски замина во Италија во дресот на Палермо. И имаше одличен старт во Серија „А“.

И покрај тоа што неколку клубови отворено имаат интерес, низ социјалните мрежи кои се блиски до случувањата во Хајдук, отворено коментираат дека сега е шансата тимот од Сплит да ја исправи грешката и да го донесе Несторовски на „Пољуд“.

Сепак, тоа нема да биде така лесно со оглед дека за него има интерес од неколку италијански прволигаши.