Сензационална вест од Островот, поточно од „Олд Трафорд“. Дел од медиумите најавуваат дека спортскиот директор на Манчестер Јунајтед Ед Вудворд, имал намера да го ангажира Македонецот Елиф Елмас. Со тоа сакал да го победи вечниот ривал Сити во битката за „дијамантот“. Се вели дека веќе подолго време скаути на „црвените ѓаволи“ ги следеле настапите на Елмас за Фенербахче и дека се презадоволни од тоа што виделе.

Вудворд знаел за интересот на Сити за Елмас уште во времето кога „дијамантот“ беше член на Работнички, но исто така знаел и дека најмалку десетина клубови од Русија, Шпанија, Германија, Италија и Англија го посакувале фудбалерот на Фенербахче.