По пауза од два месеци Серена Вилијамс се појави на турнирот во Рим, но по само еден одигран натпревар принудена е да се повлече.

По победата над Ребека Петерсон во првото коло, таа во второто го предаде дуелот со нејзината сестра Венус, поради проблеми со повреденото колено.

„Морам да се повлечам од турнирот во Рим поради болки во коленото на левата нога. Ќе ми недостасуваат навивачите и настапот на еден од најдрагите турнири. Ќе се концентрирам на заздравувањето и се гледаме на Ролан Гарос и следната година тука во Рим“, изјави Серена.

Серена досега настапи само на три турнири Австралија Опен, Мајами и на Индијан Велс.

Венус Вилијамс, пак, во третото коло во Рим ќе игра со подобрата од мечот Слоун Стивенс и Јоана Конте.