Словенецот Дамир Скомина ќе биде главен судија на финалето во Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Ливерпул на 1 јуни на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид. Европската фудбалска унија (УЕФА) му го додели најважниот меч во сезоната на 42-годишниот словенечки арбитер, кој како помошници ќе ги има своите сонародници Јуре Прапротник и Роберт Вукан.

За Скомина ова ќе биде трето финале во европските клупски натпреварувања откако претходно судеше во Суперкупот во 2016 година меѓу Челси и Атлетико Мадрид, додека година дена подоцна го водеше финалето во Лига на Европа меѓу Манчестер Јунајтед и Ајакс.

„Судењето во финалето на Лигата на шампионите носи голема чест, но исто така уште поголема одговорност“, изјави словенечкиот судија.

Финалето во Лигата на Европа меѓу Челси и Арсенал ќе го суди Италијанецот, Џанлука Рочи.