Четвртфиналната пресметка меѓу Ангели и ТФТ дигна најмногу прашина во битката за место во мак-баскет елитата, па гостин на овој натпревар беше спортскиот директор и кандидат за претседателското место во МКФ, Владимир Темелковски.

Патникот во полуфиналето се решаваше во неизвесна завршница, ТФТ имаше шанса да се избори за продолжение, но арбитрите досудија фаул во напад. Ангели на крајот беа поразени со разлика (83-86) која им обезбеди пласман во полуфиналето каде ќе играат со МЗТ Скопје.

„Спортмедиа“ дознава дека ТФТ побарале од новиот комесар за натпреварување, Сречко Хорват да дојде на оваа средба, но тој не присуствувал оти имал гости дома, дента славел роденден.