Откако е веќе јасно дека Палермо е се поблиску до преселба во Серија „Ц“, играчите веќе почнуваат да си бараат нови клубови. Се разбира дека жалбата од клубот може да смени многу работи, но веќе се појавуваат желбите на другите тимови за играчи од сицијалнскиот тим.

Еден од нив е и капитенот Илија Несторовски кој што е најблиску до тимот на Џенова. Џенова веќе долго време бара замена за Кшиштоф Пјонтек кој замина во Милан, па Несторовски е идеална замена за него. Ако и Пандев остане во тимот, тогаш би можеле да гледаме и македонски тандем во Серија „А“.

Инаку за него има интерес и од Сасуоло и од Парма. Се шпекулира дека по новонастаната ситуација и Хајдук ќе се вклучи во трката, но потписот на Несторовски засега за сплитските „били“ е невозможна мисија.