ПСЖ подготвува понуда од 50 милиони евра за Џанлуиџи Донарунума, објавија неколку италијански медиуми. Според информацијата, ПСЖ ќе почека да види дали Милан ќе успее да избори место во Лигата на шампионите следната сезона, па доколку тоа не се случи, веднаш тргнуваат во напад.

Според весникот „Ла Република“, ако „росонерите“ завршат надвор од ТОП 4 на табелата во Серија А, тие ќе бидат принудени да го продадат својот најголем талент за да помогнат ги усогласат обврските од финансискиот фер-плеј. Агентот на голманот Мино Раиола, можеби, е под суспензија за брокерски трансфери од ФИФА, но има одлични односи со двата клуба, така што трансферот може да биде комплетиран и без него.

Парижани веќе имаа еден италијански голман сезонава, Џанлуиџи Буфон, но тој нема да го продолжи договорот со клубот. Во меѓувреме, Манчестер Јунајтед, исто така, објави дека е заинтересиран за потпишување на договор со 20-годишниот Донарума како замена за Дејвид Де Хеа, бидејќи Јунајтед се подготвува за негова продажба.