Перо Антиќ и официјално е новиот претседател на МКФ, без против кандидат со поддршка од сите членки дојде на местото на Петар Наумоски.

„Да ја вратиме кошарката постепено, со помош на медиумите сите заедно да ја вратиме кошарката онаму каде што заслужува. Не може во 1-2 дена да се случат драстични промени, најтешкиот дел помина. Верувам дека има одлучни луѓе, професионални во спортскиот дел, сите заедно ќе направиме една група на луѓе кои ќе помогнат за развој на кошарката. Приоритет ќе биде враќање на навивачите и оптимизмот кај младите“, рече Перо по прогласувањето и додаде: Чудно ми е од паркетот директно на претседателското столче.