Лирој Сане (23) би требало да биде едно од најголемите летни засилувања за Баерн Минхен. Барем така известуваат медиумите во Англија. Германскиот репрезентативец се враќа во својата земја, а одобрување за овој трансфер дал лично и стратегот на Манчестер Сити Пеп Гвардиола кој до пред две години седеше на клупата на баварците. Сане во Сити е веќе три години, но во последно време не е прва опција за Пеп, па затоа сега големи се шансите тој да го напушти Островот и да се врати во Германија, но не во Шалке од каде што замина во Сити, туку во гигантот од Баварија.