Селекторот на женската ракометна репрезентација Урош Брегар го објави поширокиот список на 24 ракометарки за дуелите со Македонија зв баражот за пласман на Светското првенство, а ќе се играат на 2. јуни во Скопје и 6. јуни во Целје.

Како што соопшти Брегар подготовките ги почнуваат на 20 мај, а шест дена подоцна ќе одигра пријателски натпревар со Унгарија во Ѓер.

„Не очекува дуел со незгодната селекција на Македонија, која можеби нема познати имиња во своите редови, но има многу добри ракометарки, а дел од нив играат во силни европски екипи. Мораме да одиграме добро во Скопје и да се бркаме добар резултат, а потоа на реваншот во Целје со помош на нашата публика да ја потврдиме победата во овој бараж“, вели Брегар.