Гоце Седлоски навистина има супер резултати како тренер со тимот на Широки Бријег. И дефинитивно го однесе во Европа,  во јули ќе игра во првото квалификациско коло во ЛЕ. Со оглед на тоа дека има мал коефициент, Широки со Седло ќе биде во групата на неносители, а тоа значи дека ако „среќата му се насмевне“, би можел да го добие за ривал Вардар, неговиот поранешен клуб со кој освои две титули и го однесе пред портите во групната фаза во Лигата на Европа во таа 2017 година.

Неговиот наследник Чеде Јаневски стави само „печат“ на двомечот со Фенербахче. Секако дека на трофејниот Седлоски нема да му биде сеедно ако се падне Вардар како противник, но исто така знаејќи го каков професионалец е, ќе стори се да го елиминира нашиот вицешампион.