Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари ќе биде отпуштен по финалето во Лигата на Европа. Сопственикот на лондончани, Роман Абрамович, донел одлука да се раздели со италијанскиот стратег, па дури и Челзи да ја освои Лигата на Европа, пишува авторитетниот италијански спортски дневник „Газета дело спорт“.

Главната причина за ваквата одлука на Абрамович е лошата врска меѓу навивачите и Сари. Навивачите на лондонскиот тим не се задоволни со стилот на игра наметнат од Италијанецот и постојано протестирата против него. Абрамович не сака тоа да ја нарушува атмосферата во тимот следната сезона, па подготвен е да донесе нов тренер.

Челзи оваа сезона заврши на третото место во Премиер Лигата.