Фудбалерите на Галатасарај добро ги испотија дресовите за да го победат Акхисар во финалето на Купот на Турција. „Лавовите“ од Истанбул се мачеа против бранителот на трофејот и иден второлигаш, од 56. минута губеа со 1:0 (Ману даде гол), а во 65 минута промашија пенал (Ндиаје не успеа да погоди), па среќата им се насмевна од 80 минута кога домашниот играч Мигуел Лопес доби втор жолт картон и беше исклучен.

Галата избори пенал кој во гол го претвори Гумуш, а осум минути подоцна Фегули донесе водство од 2:1. Во четвртата минута од продолжението Мбаје Диањ ги постави конечните 3:1 со што почна големото славење на црвено-жолтите на стадионот во Сивас.

Галатасарај е рекордер по број на трофеи во Купот. Вклучувајќи го и вечерашниот истанбулскиот гигант ги има 18 во витрините.