Пеп Гвардиола сосема заслужено го понесе признанието за најдобар тренер во Премиер-лигата оваа сезона. Неговиот Манчестер Сити ја одбрани титулата, успеа да освои 98 бода, еден повеќе од Ливерпул кој заврши на второто место на табелата.

„Граѓаните“ оваа сезона забележаа 32 победи, две ремија и само четири порази, а сезоната ја завршија со неверојатни 14 победи во низа. За постетување титулата ја заверија во последното коло кога Брајтон го совладаа со 4-1.