Перо Антиќ и пред Изборното Собрание имаше поддршка од познати европски кошаркарски имиња. По официјалната промоција како прв човек на КФСМ неговиот мобилен телефон буквално гори..Поранешни тренери, соиграчи, пријатели…сите испратија честитики. Дуда Ивковиќ е меѓу првите, Дејан Томашевиќ, Туркоглу…

Победата на легендарниот кошаркар ја израдува македонската јавност, ретки беа оние кои беа против Антиќ, во него гледаат вистинско решение за многу проблеми, се огласија клубовите, па и тренерите особено оние кои во моментов имаат странски ангажман.