Се сеќавате на Кевин Гроскројц. Тоа е поранешниот фудбалер на Борусија Дортмунд и финалист на ЛШ, како и член на германската репрезентација која го освои Светското првенство 2014 во Бразил. Гроскројц сега игра во германскиот третолигаш Ирдинген, а исто така е и помошник тренер на Кемингхаузен во регионалната лига. На мечот со локалниот Бармбауер тој доби ќотек од навивачите на тој клуб. Уште е е познато зошто, но десетмина навивачи влегоа на теренот го турнаа Гроскројц на тревата и почнаа да го клоцаат. За негова среќа полицијата реагирала и спречила посериозна повреда.

И така некогашниот германски репрезентативец и член на шампионскиот тим на Борусија Дортмунд стигна да го тепаат сопствените навивачи во Германија, истите оние кои се радуваа на шампионскиот пехар од СП 2014. Понекогаш животот е суров и безобразен.