Португалскиот стратег Жозе Мурињо ги дочека своите „пет минути“ и по завршувањето на сезоната ја прокоментира состојбата во Манчестер Јунајтед. Мурињо ја освои Лига Европа и Лига купот во сезоната 2016/17, а наредната сезона ја заврши на втората позиција на табелата. На почетокот на оваа сезона беше отпуштен поради слаби резултати, а го замени Оле-Гунар Солскјер кој добро тргна, па следуваше нов пад и пласман на шестото место на табелата.

„Пред девет или десет месеци реков дека освојување на второто место со Манчестер Јунајтед е мојот најголем успех после освојувањето на осум шампионски титули. Сега луѓето разбираат зошто тоа го кажав“, вели Мурињо за состојбата во Јунајтед алудирајќи на тоа дека иако клубот нема широк спектар на квалитетни играчи второто место е „премија“ во толку силна конкуренција во Премиер лигата.