Атрактивен автогол падна на мечот меѓу Дуизбург и Хајденхајм во претпоследното 33. коло на германската Втора лига. Гостите од Хајденхајм победија со 4:3, а за победата им помогна и домашниот играч Џастин Бомхојер кој во 58. минута, при резултат 2:2, си постигна ефектен автогол.

А седум минути порано Бомхојер ја погоди во вистинската мрежа, а потоа, веројатно, од преголема возбуда се збуни и ја погоди својата. На идентичен начин – со глава од близина.

Дуизбург веќе испадна и идната сезона ќе игра во Третата германска лига.