Пионерската репрезентација на Македонија загуби и на вториот меч на турнирот „Трофеј ФСЦГ“ кој се одржува во Подгорица, Црна Гора. Денеска нашите надежи беа поразени од домашната селекција со 1:0.

Домашната селекција покажа добра игра и со играч помалку на крајот успеа да ја запише и втората победа на турнирот. Единствениот гол за победа на Црногорците беше дело на Марсениќ во 35. минута од средбата.

Црна Гора – Македонија 1:0

Стрелец: Матија Марсениќ 35’

МАКЕДОНИЈА: Талевски, Фидановски, Здравковски, Стоилевски, Тодоровски, Курти (Аџиев), Ѓорѓиевски, Јамини, Мухамед (Стојковски), Стојанов (Талевски), Таири (Јаневски). Селектор: Тони Јакимовски.