Екипата на Лацио е освојувач на Купот на Италија откако во финалето во Рим ја изненади Аталанта совладувајќи ја со 2:0. Мечот помина во голема борба на средината на теренот, а во второто полувреме римската екипа притисна и дојде до победата. Решавачкиот момент беше голот на Милинковиќ-Савиќ во 82. минута. Лукас Леива нафрли, а српскиот интернационалец ја погоди мрежата на екипата од Бергамо.

Тоа беше голем чекор кон победата, а Аталанта фрли се на една карта во последните минути што за Лацио беше полн-погодок. Почна еден контра-напад преку Кореа кој умешно се ослободи од својот чувар и ги постави конечните 2:0.

Така „небесно-сините“ го обезбедија седмиот торфеј во Купот, а прв после 2013 година. Со тоа Лацио се утеши по очајната сезона во која не успеаја да ги исполнат целите и преку првенството да обезбедат место во ЛШ. Сепак, трофејот од Купот е мала утеха за нив.

Од друга страна, Аталанта не успеа да стигне до вториот трофеј во четвртото финале во Купот. Единствениот го освои во далечната 1963 година. Сепак, тимот од Бергамо нема време за тагување, може да направи подвиг со пласман во Лигата на шампионите. За тоа им треба уште две добри партии во Серија А.