И оваа година екипата на Лидс Јунајтед не успеа да се избори за пласман во англиската фудбалска елита. Тимот на нашиот Џани Алиоски кој поради повреда го немаше вечерва на „Иланд Роуд“ дозволи да ја прокоцка победата на првиот меч кај Дерби Каунти од 1:0 и да загуби дома со 4:2 со што момците на гостинскиот стратег, Френк Лампард, обезбедија место во финалниот меч со Астон Вила, од кој победникот ќе го пополни последното испразнето место во англиската елита.

Иако за Лидс Ј. работите тргнаа одлично со голот на Далас во 24. минута, гостите потврдија дека се дојдени со само една цел на ова гостување со голот на Мериот во 45. минута за 1:1 на одмор.

Во вториот дел Дерби играше подобро и веднаш постигна гол за водство. Мант во 46. минута ги доведе гостите во водство од 2:1, а од пенал Вилсон во 58. зголеми и на 3:1. Далас во 62. минута погоди за 2:3, но веднаш потоа домашните остана без поцрвенетиот Берарди и дозволија да примат гол за 2:4 во 85. минута, со кој Мериот само го потврди пласманот на Дерби К. во финалето на плеј-офот каде за противник ќе ја има Астон Вила.