Екипата на МЗТ Скопје го совлада Куманово со убедливи 92:57 во осмото коло на македонската Суперлига. Со тоа „штрковите“ имаат осум од осум.

Денеска „штрковите“ беа доминантни на теренот, водеа со +6 по првата четвртина, а втората ја добија со 23:7 и тука веќе беше јасно кој ќе ја однесе победата. На крајот високи +35 разлика.

За МЗТ најефикасен беше Андреј Магдевски кој за 32 минути игра запиша 17 поени и девет асистенции, а добар настап имаше и Предраг Самарџиски со 16 поени за 20 минути игра.

Кај поразениот тим најефикасен беше Љубомир Младеновски со 12 поени и 10 скокови за 23 минути на теренот.

МЗТ е прв на табелата, а зад него е Работнички. Идното коло, во сабота МЗТ ќе му гостува на Гостивар.