Иако повеќе гиганти се интересираат за неговите услуги, иако барем неколку клубови испратиле и официјална понуда до Фенербахче за услугите на Елиф Елмас, се чини дека е можен тотален пресврт. А тоа да „дијамантот“ остане на Босфорот, потпише нов, односно го продолжи договорот со Фенер, но сега за сума од 1 милион евра годишно, се разбира плус бонусите.

Актуелниот договор на Елмас со Фенер чини 400.000 евра годишно и плус бонусите. Се чини дека како се наближува летниот преоден роктака расте и напнатоста во Фенер, дали да го продаде Македонецот за многу пари или пак да почека уште година – две и тогаш да го продаде за многу, многу пари.