Во најлош момент, Кире Лазаров и екипата на Нант дозволија голем „кикс“ на домашен терен против екипата на Екс Прованс и пораз од 28:27 кој ги остава чекор назад во битката за пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Во директниот дуел со Монтпелје за второто место на табелата, по вечерашниот пораз, Нант останува со истободовно салдо како и ривалот, кој, патем, има меч помалку.

Лазаров вечерва постигна 4 гола од 8 обиди во поразот на неговиот тим, кој е инаку втор во низа по оној од минатото коло на домашен терен од екипата на Ним.