Вечерва Крсте Велкоски од Сараево ќе ја брани предноста од 3:0 стекната на првиот меч против тренерот Гоце Седлоски кој е на клупата на Широки Бријег во финалето на Купот на БИХ.

Тоа значи дека Гоце Седлоски има невозможна мисија да ги стигне тие 3:0. Потребно е чудо како на пример она од „Енфилд“ пред една недела, за Велкоски да го испушти Купот, и со тоа двојната круна во првенството на БиХ.

Седлоски во изјава за „Спортмедиа“ пред една недела кажа дека е фаворит токму противникот, додека Велкоски го пофали Седлоски и рече дека токму тој е „виновен“ за добрите резултати на Широки.