Палермо за кого настапуваат македонските репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски е исфрлен во Серија Ц односно третата италијанска лига поради финансиски неправилности во периодот од 2014 до 2017 година. Крвникот на Палермо е поранешниот претседател Маурицио Зампарини кој извршил перење пари, продавајќи го брендот Палермо на компанија што ја создал за значителна сума, пред да ја изнајми назад во клубот за минимален износ.

По одлуката за преселбата во една лига подоле, играчите на Палермо излегоа со барање:

„Бараме како играчи на Палермо да ни се дозволи да играме додека Апелациониот суд ја донесе конечната одлука, по која ќе ја прифатиме пресудата каква и да e. Но, дотогаш сакаме да играме, бидејќи и ние сме биле ограбени и е нарушено нашето достоинство“.