Атлетико Мадрид ќе добие солидни 183 милиони евра од продажбата на тројца свои фудбалери ова лето. Според информациите на весникот „Марка“, тимот на Чоло Симеоне сигурно останува без Гризман, Лукас Ернандес и Лусиано Вието.

Синоќа стана јасно дека „јорганџиите“ ќе се разделат со својата ѕвезда Антоан Гризман, кој се очекува да премине во Барселона. За него каталонците ќе платат отштета според договорот во висина од 120 милиони евра. Лукас Ернандес одамна се знае дека ќе го облече дресот на Баерн Минхен, кој за него ќе плати 80 милиони евра, а португалски Спортинг ќе даде 7,5 милиони за 50% од правата на Лусиано Вието, кој оваа сезона играше како позајмен во Фулам.

Со оглед на тоа што поранешниот тим на Гризман, Реал Сосиедад ќе добие 20% од продажбата на Французинот, тоа значи дек авкупната сума која ќе се слее во касата на Атлетико од овие тројца фудбалери е 183 милиони евра.

Диего Годин и Хуанфран исто така го напуштаат клубот, па евидентно е дека Симеоне следната сезона ќе гради скоро комплетно нов тим.