Роберто Парондо во изјава за престижниот„Ел Мундо Депортиво“, даде интервју во кое ја објасни моменталната ситуација во РК Вардар на две недели пред почетокот на „Фајнл 4“ турнирот во Келн. Тој истакнал дека ситуацијата е неизвесна и тешка, и дека немаат земено плата повеќе од пола година.

„Ни должат шест, седум, осум плати… Не му се допаѓа ситуацијата никому, но остануваме фокусирани бидејќи пласманот на Ф4 е остварување на сонот за сите нас. Тоа е нашата награда за целото патење во текот на сезоната. Пред неколку дена се отвори можност зза спас на Вардар, поранешниот претседател прави напори да добие поддршка од владата и да донесе спонзори. Слушаме само ветувања, пари нема, а иднината на Вардар останува комплицирана. Постои желба да се спаси, но со буџетот за кој зборуваат тоа тешко ќе оди“, изјавува Парондо.

Тој фаворитската улога ја препушта на Барселона пред пресметката во полуфиналето.

„Барса има толку многу оружја, не знам што би издвоил како клучно. Тоа не значи дека ќе предадеме, туку ќе излеземе на теренот со надеж дека ќе победиме.