Ракометарите на Вардар им се вратија на победите по неочекуваниот „кикс“ во куп-финалето против Металург. Во шестата рунда од домашниот шампионат, „црвено-црните“ без поголем напор славеа на гостувањето во Битола против екипата на Пелистер со 31:24.

Во првиот дел од мечот битолчани успеваа да одржат резултатска рамнотежа, а Вардар беше тимот кој се обидуваше да ја има контролата на резултатот. Сепак, домашните во финишот се изборија за предност од еден гол и на пауза заминаа со 15:14.

Вардар во вториот дел одигра многу подобро во одбраната и ги спречи домашните да се надеваат на сензација. До крајот предноста растеше, за на крајот на семафорот да гласи 24:31 во полза на шампионот.