Добро е познато дека ова лето Реал Мадрид ќе направи целосна реконструкција на тимот. Еден Азар е речиси нов играч на „кралскиот“ тим, доаѓа по желба на Зинедин Зидан, но се чини дека првиот човек Флорентино Перез на градење на составот работи без консултација со францускиот стратег.

Шпанските медиуми на големо пишуваат дека претседателот одлучил да донесе фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен.

Данецот не е желба на Зидан, но Перез ги носи конечните одлуки. Ериксен не е единствениот играч кој ова лето може да го засилат Реал, а не е на списокот на францускиот тренер, кој пак за задача има да го склопи тимот и да ја поправи катастрофалната сезона.

Вчера излезе информација дека има проблем во преговорите со Пол Погба. Фудбалерот на Јунајтед бара плата која шпанскиот тим не сака да му ја исполни.