По Владимир Темелковски, актуелниот спортски директор на МКФ од трката за претседател се откажа и Петар Наумоски, лидерот на мак-кошарката во заминување. Наумоски официјално не пријави кандидатура, но имаше такви кои формираа иницијатива за негово останување вп МКФ.

Легендарниот кошаркар Перо Антиќ во следните четири години ќе се грижи за кошарката во Македонија, тој на претседателската позиција доаѓа на местото на Петар Наумоски. Од 29 членки вкупно 26 имаа право на глас, три од нив беа невалидни.

Стартот на Собранието почна со мали проблеми, дел од членовите сакаа да се промени дневниот ред, поточно да се започне со избор на прв човек на „куќата на кошарката“, но Пеце не дозволи, поточно немаше доволно гласови.

Првиот Македонец кој настапувал во НБА-лигата стана деветтиот претседател на МКФ.

Во изминатиот период тој беше најголем критичар на работата на Пеце, пред медиумите излезе се примамлива програма која доколку ја реализира дефинитивно ќе има голем напредок во спортот, кој веќе долго време е под нивото.

Засега во тимот на Антиќ се Тодор Гечевски и Владимир Георгиевски, во најава се легендарни кошаркарски имиња кои ќе се грижат за подобри денови.