Даниеле де Роси одлучи по 18 години да го напушти италијанскиот клуб Рома, во кој ја помина целата своја фудбалска кариера.

35-годишниот фудбалер на 26 мај против Парма ќе го одигра последниот меч, но најави дека нема намера да стави крај на својата кариера.

Неговите соиграчи на посебен начин се збогуваа од него, облекоа дрес со неговото име. До Де Роси пристигнуваат пораки од сите страни, а во јавноста се огласи и некогашниот играч на Милан и Јувентус, Андреа Пирло.

„Уште еден важен дел од твојот живот заврши. Не е важно каде, но најважно е да продолжиш да играш и да се забавуваш, бидејќи на фудбалот му се потребни луѓе како тебе“, пиша Пирло.

Un capitolo importante della tua vita si chiude.. non importa dove ma continua a giocare e a divertirti perché il calcio ha ancora bisogno di persone vere come te.. in bocca al lupo Dani pic.twitter.com/d5P5XtMUpv

— Andrea Pirlo (@Pirlo_official) May 14, 2019