Арјен Робен после 12 години во сабота ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Баерн Минхен. Тој си заминува од екипата во која остави длабок печат. Не е познато дали ќе продолжи да игра, но доколку игра и против Баерн, вели дека би славел погодок.

„Ако играм за некој клуб во лето и клуб кој игра против Баерн, ќе немам проблеми со тоа. Мислам дека е глупост да не славам гол против тим во кој сте играле. Давате секогаш максимум во било која екипа и да играте, во спротивно може да му кажете на тренерот да ве остави на клупата“, изјави Робен.

Тој дојде во Баерн во 2007 година, и не очекувал дека толку долго ќе остане во таборот на „баварците“.

„Кога дојдов во Баерн не очекував дека толку долго ќе останам. Баерн тогаш не беше движечка сила во Европа. Меѓутоа изненадувачки уште во првата сезона стигнавме до финале и напредувавме од година во година. Промашив пенал против Челзи, но потоа дадов гол против Борусија и освоивме пехар во ЛШ. Тоа е фудбалот, понекогаш има лоши, понекогаш добри моменти. Кога ќе останете во некој клуб толку долго време, тоа значи дека и клубот е задоволен од вас, и вие од клубот. Затоа мечот со Ајнтрахт ќе биде посебен за мене“, рече Робен.