Во финалето на западната конференција во плеј – офот во НБА, се среќаваат Голден Стејт Вориорс и Потртланд. За првите игра Стеф Кари, додека за вторите неговиот брат Сет, И ете ти проблем за мама Соња Кари и таткото Дел Кари, кои пред синоќешниот дуел фрлаа паричка кој за кого ќе навива. На мама Соња и се падна да навива за Сет, па така интересно беше да се види како таа за прв пат навива против Стеф. По мечот повеќе задоволен беше таткото Дел, имено „неговиот“ тим, односно Стеф победи. Којзнае, во следниот меч можеби мама Соња ќе навива за „вориорси“.

„Чудно ми беше, како и не би било кога ќе видиш како родената мајка навива против тебе“ беше коментарот на Стеф.