Пресврт во последен момент. Владимир Темелковски ја повлече кандидатурата за претседателското место во МКФ пред Изборното Собрание на 12 часа пред одржувањето на истото. Актуелниот спортски директор и покрај големата желба да се грижи за доброто на кошарката одлучи тоа да го остави за некои други времиња.

Ова значи дека Перо Антиќ има широко отворен пат кон превземање на функцијата прв човек на МКФ, секако доколку во меѓувреме нема некоја нова игра и секако доколку Петар Наумоски одлучи (како што планираше) да се повлече.

Изборното Собрание е закажано за денеска со почеток во 12 часот во Сквер 21.